Вести

Организиран дотур на стока

Општина Гевгелија воведува организиран дотур на стока во во градот, со цел да се надминат сегашните застои и пороблеми при истоварот на стока, особено, пред супермаркетиите во централното градско подрачје. За таа цел, Советот на Општина Гевгелија на последната Седница донесе Одлука со која се дефинираат условите за доставување (истоварање/ […]

Да му помогнеме на Горан Манасиевски од Гевгелија – лице со оштетен слух

Здружението на глуви и наглуви од Гевгелија организира хуманитарна акција за собирање на мебел и апарати за домаќинство за потребите на Горан Манасиевски. Имено, Владата на Република Северна Македонија на овој жител на Гевгелија, кое е лице со оштетен слух и корисник на социјална помош, му додели стан во Гевгелија. […]

Премиера на документарниот филм „Професорот“ посветен на Илија Џаџев

На 6. февруари 2020-та година, во киното „Фросина“ во МКЦ – Скопје ќе биде изведена премиерната проекција на документарниот филм „Професорот“ – вистинита приказна за Илија Џаџев, во режија на Јордан Дуков. Станува збор за проект на „Кадар“ – Тим за истражувачко новинарство, документаристика и едукација. Продуцент на филмот е […]

9 милиони денари одвои Општината за спортот во Гевгелија

Општина Гевгелија со 9.000.000 денари ќе ги подржува годинава спортските активности и манифестации. Советот на Општина Гевгелија на последната седница ја усвои Програмата за финансирање на спортските активности за 2020 година. Оваа година од општинскиот буџет средства ќе добијат 32 спорстки програми и проекти за кои аплицираа повеќе спортски клубови, […]

И општина Гевгелија добива мониторинг-станици за мерење на загадувањето на воздухот

Во Гевгелија ќе биде поставена нова автоматскa мониторинг-станица со средства од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција во текот на 2020 година. Во Министерството за животна средина и просторно планирање, кое е вклучено во реализација на проектот, информираат дека е подготвена техничка спецификација за набавка на мерните инструменти и […]

Општина Гевгелија издвои 4 милиони денари за култура во 2020-та година

Советот на Општина Гевгелија ја усвои Програмата за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2020 година. Oваа година, Општина Гевгелија со буџет од 4.000.000 денари ќе поддржи 36 културни програми, проекти и манифестации за кои аплицираа повеќе здруженија на граѓани, културни […]

Спортското игралиште во Серменинска маала ќе го носи името на прерано починатата ученичка Елена Костадинова – Оржана 41. Седница на Советот на Општина Гевгелија

Александра Кочева, од советничката листа на СДСМ, е нов член на Советот на општина Гевгелија. Изборот беше извршен по верификацијата на нејзиниот мандат на денешната седница на Советот на општина Гевгелија и тоа по констатираниот престанок на мандатот Петар Јанчев, советник од советничката група на СДСМ, поради поднесената оставка. Новиот […]

Од Полициска станица во Одделение за внатрешни работи: Вратени ингеренциите на Полициската станица во Гевгелија

По вратените надлежности на Основниот суд и Основното јавно обвинителство во Гевгелија, исто така и на Полициската станица во Гевгелија ѝ е вратена надлежноста. Имено, од 1 јануари годинава Полициската станица во Гевгелија премина во Одделение за внатрешни работи во состав на Секторот за внатрешни работи- Струмица. Вратената надлежност е […]

Децата со попреченост од гевгелиските училишта од 1-ви февруари ќе добијат образовни и лични асистенти

Согласно новиот Закон за основно образование во кој се вели дека за учениците со посебни образовни потреби се обезбедуваат соодветни услови за стекнување основно воспитание и образование во редовните и посебните основни училишта и имаат право и на индивидуална помош за стекнување на основното образование и воспитание, се предвидува вклучување и […]

По 12 години вратени му се надлежностите на Судот во Гевгелија за кои мораше да се патува во Велес

На Основниот суд Гевгелија му се вратени надлежностите, односно овој Суд од 1-ви јануари 2020-та година повторно извршува надлежностите на Основни судови со проширена надлежност. На 88 Седница Собранието на Република Македонија го донесе Дополнетиот Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, според кој во Член 8 е […]