Вести

Ова деноноќие регистриран уште еден случај на коронавирус во Гевгелија

Министерот за здравство, Венко Филипче денес на прес конференција ги објави статистиките околу пандемијаата со новиот коронавирус. Според изјавата на министерот, ова деноноќие регистриран е уште еден случај на коронавирус во Гевгелија. Со ова бројката на заразени во нашата општина изнесува 2.

Потврден првиот случај на коронавирус во Гевгелија

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Во текот на прес-конференцијата Институтот за јавно здавје потврди уште 2 позитивни пациенти, така што бројката наместо 16 како што соопшти министерот Филипче на прес-конференцијата изнесува точно 18. По градови: Штип – 6, Скопје – 3, Велес […]

Лицето кое за време на полицискиот час кршеше низ Гевгелија е сместено во Психијатриската болница во Негорци

Во настанот кој завчера, за време на полицискиот час, се случи во централното градско подрачје во Гевгелија, при што лице уништувало јавен и приватен имот доби разрешница, соопшти градоначалникот Поцков. Тој покрај што го осуди настанот, потврди и дека полицијата го идентификувала сторителот, а како што рече се работи за […]

За време на полицискиот час вандали уништувале јавен и приватен имот во Гевгелија

Јавното претпријатие „Комуналец” од Гевгелија соопшти дека за време на полицискиот час вандали правеле штета во централното градско подрачје. Засега непознати лица, прекршувајќи ја забраната за движење, го искористиле моментот кога на улиците нема раздвиженост и уништувале јавен и приватен имот.

Медицинското лице од Општата болница во Гевгелија нема коронавирус соопшти градоначалникот

Медицинското лице вработено во Општата болница во Гевгелија кое беше тестирано на коронавирус е негативно, соопшти градоначалникот Поцков и повика да не се шири паника меѓу населението. „На медицинското лице вработено во ЈЗУ Општа Болница Гевгелија кое беше тестирано од Корона вирусот (Covid19), пред 15 минути добивме потврдни информации дека […]

Прогласена вонредна состојба на територијата на цела држава

Претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба на територијата на цела државата која ќе трае 30 дена, со можност да биде продолжена по предлог на Владата. Ова е прв пат во историјата на Република Македонија да се прогласи вонредна состојба, што според претседателот ја отсликува сложеноста на истата и ризикот за сите […]

Состојбата на подрачјето на општина Гевгелија е стабилна

Во општина Гевгелија во целост се применуваат мерките за спречување на проширувањето и внесувањето на Covid 19 (Корона вирус) на Владата на Република Северна Македонија, изјави денес Градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков, оценувајќи ја состојбата како мирна и стабилна. Се разбира, во новонастанатите услови, без некоја понагласена паника, како […]

Градскиот пазар нема да работи

Постапувајќи по препораките на Владата на РСМ за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на КОВИД-19, во четврток, 19 март 2020 година, Градскиот пазар во Гевгелија нема да работи. Според ЈПКД „Комуналец“ на тој начин ќе се обезбеди заштита на здравјето на продавачите и купувачите.

Побарана истрага за возачот кој поминал на свежо бетонираната улица во Мрзенци

Бројни реакции, незадоволство и револт кај граѓаните, не само во Мрзенци, туку и пошироко предизвикаа вчерашните фотографии на социјалните мрежи каде што јасно се гледа дека автомобил поминал долж целата новобетонирана улица во Мрзенци. Станува збор за улицата „Гоце Делчев“, која започна да се бетонира во понеделникот, а во текот на […]

Од утре се затвораат градинките и училиштата – Нови мерки против ширењето на коронавирусот

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, […]