Author: 24 Гевгелија

По седми пат во Гевгелија „СРВ Фест 2019“ во чест на Ристо Калиников

На 20-ти септември (петок) во клуб „Де Факто“ – Гевгелија, по 7-ми пат ќе се одржи хуманитарниот „СРВ Фест 2019-та“, во чест на прерано починатиот Ристо Калиников – гитарист на бендот „Аквариус“. На фестивалот годинава ќе настапат DJ Tightbeats, DJ Todoroff и бендот „Некст ајм“, а ќе се собираат средства […]

Нови училници за новата учебна година во СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија

СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија е опремено со 21 нова училница, кои се готови да ги примат учениците во новата учебна година. За изградбата на новите училници потрошени се 34 милиони денари – кредит што општина Гевгелија го доби од Светска банка, но и сопствено учество од 5,7 милиони денари. […]

Министерот Сугарески изврши увид во работите на патот Фурка-Богданци-Гевгелија

Министерот за транспорт и врски – Горан Сугарески, заедно со директорот на ЈП за државни патишта – Зоран Китанов, градоначалникот на општина Богданци – Блаже Шапов и градоначалникот на општина Гевгелија – Сашо Поцков, денеска изврши увид во градежните активности на патотФурка-Богданци-Гевгелија. Тие направија обиколка на инфраструктурните проекти што се […]

Изградба на водоводна мрежа во населба Караорман со грант од 4,17 милиони денари

Општина Гевгелија е меѓу 12-те општини во земјава, на кои им се ставени на располагање 165 милиони денари преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка. Средствата ќе се користат за изградба на локални улици, водоводи, реновирање градинка, набавка на […]

Од 22-25 август ќе се одржува Мултимедијалниот арт-фестивал „Бош“ во Гевгелија

Од 22-ри до 25-ти август, во Гевгелија ќе се одржува 11-от Мултимедијален арт-фестивал „Бош“, на неколку локации. Дел од годинашната програма на фестивалот се: на 22-ри август (четврток) летно кино во „Народен театар“ – Гевгелија, на кое ќе бидат прикажани: „Водата“, „The Woman in purple“, „Последните камбани“, „Disconnected/Без врска“ и […]

Отворена е донациска сметка за опожарените станови во Гевгелија

Отворена е донациска сметка за опожарените станови во Гевгелија. Шесте семејства кои во катастрофалниот пожар што се случи пред само неколку дена ги изгубија своите домови, со се што имаше во нив, имаат потреба од помош. За таа цел, сите хумани граѓани можат да донираат на сметка: Игор Димов 27-7000516742.72 […]

Балканската ѕвезда Хари Мата Хари со концерт на „Смоквијада 2019-та“

Балканската ѕвезда Хари Варошановиќ – Хари Мата Хари, ќе настапи на годинашниот 13-ти фестивал на смоквата – „Смоквијада 2019“ – Гевгелија, на крајот од манифестацијата, во сабота, на 31 август 2019 година, на ракометното игралиште во Градскиот стадион во Гевгелија. Здружението на граѓани „ТеРа“ од Гевгелија, кое ја организира оваа […]

Одобрен грант за изградба на патот до времената депонија од страна на ИОМ

Меѓународната организација за мигранти (ИОМ) и одобри грант на општина Гевгелија за изградба на пристапниот пат до времената депонијата кај Ново Коњско, соопшти градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, со чија изградба ќе се создадат услови за профункционирање на депонијата. Според Поцков претстои потпишување на договор со ИОМ за реализација […]

Почна регулацијата на Сува река во вредност од 516 илјади евра

Започна реализацијата на проектот „Одржливо управување со водените ресурси во прекуграничниот регион“, во чии рамки ќе биде извршена регулација на дел од коритото на Сува река. Вкупниот буџет на проектот изнесува 1.448.329 евра, од кои на општина Гевгелија и се доделени 516.000 евра за регулација на дел од коритото на […]