Се запали автомобил управуван од 30-годишен гевгеличанец

На 19.08.2020 во 18.20 часот било пријавено дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје Н.М.(30) од Гевгелија, додека го стартувал неговото патничко возило „рено меган“, со гевгелиски регистарски ознаки, настанал пожар. Од пожарот биле зафатени и патничко возило „фолксваген голф 6“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.А.(19) од Скопје и патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(68) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.