Синоќа на плоштадот „Сава Михајлов” во Гевгелија се одржа манифестацијата „Нацртај приказна, отсликај насмевка“ на која најмалите уживаа во шоуто приредено од скопскиот магионичар, акробат и шоумен Кристијан Кики – Бенито.
„После долг временски период лајковите на нашата Фејсбук страна и нашиот Јутуб канал, што ги даваше нашата публика поради корона пандемијата, ги заменивме со вистинскиот аплауз со организирање на оваа манифестација за децата и нивните родители“ рече директорката на Домот на култура Весна Ристова, воедно и организатор на оваа манифестација.
За време на програмата беа направени четири слики од вештите раце на талентирани деца – идни уметници, а истите слики ќе ги красат просториите на новиот објект на центарот „Мајка Тереза”.
Во текот на манифестацијата беа запазени сите мерки за претпазливост, како носење маски, дезинфекција на раце и ракавици.
24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.