6 новозаразени со коронавирус во Гевгелија во последните 24 часа

Во Гевгелија, во изминатото деноноќие, регистрирани се 6 нови случаи на Сарс-Ков-2 вирусот причинител на заболувањето Ковид-19.

Ова е рекорден број на ново заразени во Гевгелија, но и во државата од почетокот на епидемијата во Македонија.

Според статистиката, во последните 24 часа направени се 1700 теста, а регистрирани се 241 новозаболени.

Статистика по градови:

– Скопје 73
– Куманово 10
– Дебар 1
– Штип 60
– Прилеп 5
– Тетово 32
– Струга 3
– Велес 1
– Битола 3
– Охрид 2
– Гостивар 14
– Гевгелија 6
– Струмица 4
– Крива Паланка 3
– Радовиш 3
– Крушево 1
– Кочани 8
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 2
– Виница 1
– Кратово 1
– Свети Николе 5
– Кичево 2
Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица.
– Скопје 40
– Битола 1
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 1
– Кичево 1
– Ресен 7
Досега во земјата се направени вкупно 84916 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885.

 


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.