Гевгеличанец тешко повреден откако со автомобил излетал од патот

На 21.05.2020 околу 15.00 часот на регионалниот пат Градско – Неготино, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 49-годишно лице од Гевгелија, излетало од патот.

Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Велес.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.