Датумите на раѓање на неговите најблиски му донесоа среќа: Ѓеорги Тимов од Гевгелија добитник на 6-ка на Лото7

Ѓеорги Тимов од Гевгелија е редовен играч на Лото 7 и овој пат неговата среќа му донела погодок на 6 броеви.

Неговите среќни комбинации на броеви се датуми на родендени на неговите најблиски. Овој пат уплатил 3 комбинации во продажното место „ЛЕ-НИ Плус” – Гевгелија.

Неговата добивка изнесува 43.706 денари. Среќниот добитник се надева дека среќата ќе го следи и во иднина затоа што ќе продолжи да се забавува со игрите на среќа на Државна лотарија.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.