Потврден првиот случај на коронавирус во Гевгелија

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Во текот на прес-конференцијата Институтот за јавно здавје потврди уште 2 позитивни пациенти, така што бројката наместо 16 како што соопшти министерот Филипче на прес-конференцијата изнесува точно 18.

По градови: Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга – 2, Струмица – 1, Дебар – 1, Тетово –  1, Гевгелија – 1

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 259 лице.

Во изминатото деноноќје од вирусот починаа две лица, едно на 31 и друго на 91-годишна возраст.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.