Лицето кое за време на полицискиот час кршеше низ Гевгелија е сместено во Психијатриската болница во Негорци

Во настанот кој завчера, за време на полицискиот час, се случи во централното градско подрачје во Гевгелија, при што лице уништувало јавен и приватен имот доби разрешница, соопшти градоначалникот Поцков.

Тој покрај што го осуди настанот, потврди и дека полицијата го идентификувала сторителот, а како што рече се работи за лице со психичко нарушување кое е префрлено во Психијатриската болница во Негорци.

„Уште еднаш, истакнувам дека го осудувам овој чин и апелирам до граѓаните да останат смирени и да ги почитуваат мерките на Владата на Република Северна Македонија.” додаде градоначалникот.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.