Едно лице од Гевгелија во моментов се тестира за коронавирус изјави министерот Филипче

Во штотуку објавеното соопштение на министерот за здравство, Венко Филипче, се вели дека во моментов испратено се материјали за тестирање од коронавирус на 1 лице од Гевгелија, за кое се очекуваат резултатите од локалниот епидемиолог.

Покрај лицето од Гевгелија, се испитуваат уште 7 пациенти на Клиниката за инфективни болести, тоа е 1 пациент со симптоми што на 26ти минатиот месец престојувал во Бугарија, кој развил симптоми слични на грип, и неговата сопруга која во овој момент се тестира. Понатаму, 1 патник од Сингапур, наш државјанин кој пред 3 дена се вратил во нашата земја и 3 лица кои биле во контакт со пациентите хоспитализирани од Дебар.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.