Поради коронавирусот откажана екскурзијата за Италија на учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски” од Гевгелија

Во СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија е одложена училишната екскурзија за Италија поради коронавирусот.

Имено, на крајот од мај и почетокот од јуни, учениците од трета година требаше да заминат во Италија. Според договорената програма, учениците на екскурзија во Италија требаше да заминат преку Игуменица и Бари.

Одлуката за одложување на екскурзијата уследи по средбата со учениците и состанокот на Советот на родители, на кои учениците и родителите беа информирани за задолженијата од Министерството за образование и наука за одложување на екскурзиите во Италија, како и за другите превентивни мерки за заштита од Корона вирусот.

Во овој Средноучилишен центар, како и во другите Основни училишта во општина Гевгелија веќе се применуваат мерките за превентивна заштита од Корона вирусот, како во поглед на едукацијата, така и во примената на хигиенските мерки.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.