Кривична пријава и 30-дневен притвор за лицето осомничено за силување на малолетната гевгеличанка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против 23-годишно лице од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.

Од страна на судијата на претходна постапка при Основен Суд Гевгелија одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена и тој бил спроведен во Казнено-поправната установа – Затвор Гевгелија.

Пријавениот, на 23.02.2020 околу 13.00 часот во Гевгелија со употреба на сила извршил обљуба врз малолетно девојче од Гевгелија.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.