Најбогатиот земјоделец во Македонија е гевгеличанец

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на денешната Прес конференција ги соопшти „Највисоките годишни бруто приходи остварени во 2018-та година“.

Според податоците на УЈП, најбогат жител на Македонија е скопјанка која во 2018-та година, остварила приходи од 1.056.992.055 денари или околу 17.130.000 евра.

Највисоки приходи од продажба на сопствени земјоделски производи остварени биле во Југоисточниот регион каде граѓанин од Гевгелија остварил приходи по овој основ во износ од 25 319 395 денари, додека граѓанин од Валандово остварил приходи во износ од 19.744.161 денари.

Највозрасното лице кое остварило над еден милион денари приход било на возраст од 99 години, додека во групата над 10 милиони денари највозрасниот има 93 години.
Лице кое се родило во 2018 година, остварило доход од дивиденда над 1 милион денари, додека во групата над 10 милиони денари, најмладиот има 21 години.

Директорката изрази огромно задоволство од целосното и успешното спроведување на целиот процесот со пополнетата Годишна Даночна Пријава со што истакна дека долгите редици чекање на шалтерите на УЈП се веќе минато и граѓаните преку системот е-Персонален данок сами си вршат увид и проверка на приходите во однос на искажаните приходи од страна на исплатувачите и потоа ја потврдуваат или коригираат пријавата.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.