23-годишно лице од Гевгелија осомничено за силување на малолетна девојка

На 25.02.2020 во 10.00 часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија, 40-годишна жена од Гевгелија пријавила дека на 23.02.2020 околу 13.00 часот во Гевгелија 23-годишно лице од Гевгелија со употреба на сила извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.

Лицето било пронајдено и лишено од слобода, а за настанот бил известен јавен обвинител и по негова наредба над оштетената и сторителот биле извршени прегледи во Институтот за судска медицина-Скопје, а бил извршен и претрес во неговиот дом.

По извршените прегледи, осомничениот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.