„Европорта-Фест 2020“ годинава на 28. и 29. февруари

На 28. и 29. февруари, со почеток во 19.30 часот, во Народниот театар – Гевгелија, ќе се одржи дводневен Музички фестивал „Европорта-Фест 2020“ во организација на Здружението на граѓани „Внимание“.

Станува збор за Музички фестивал на кој ќе учествуваат 20 таленти од Гевгелија, Богданци и Валандово, чие хоби или професионална одредба им е музиката.

Учесници годинава се: Благоја Панов, Ники Полизоева, Константина Димитрова, Лилјана Накова, Катерина Попова, Иван Илиевски, Никола Илиевски, Мартин Костадинов, Судем Хараманда, Филип Ангов, Душица Стојкова, Катерина Јовановиќ, Билјана Дуева, Ангела Зафирова, Ангелина Несторова, Ѓорги Митров, Ванеса Маркова, Цанка Илачева, Филип Хаџикојчев и Бојана Марковска.

Учесниците ќе се претстават со изведба на познати музички хитови на Полуфинална и Финална вечер. Цената на картата е 100 денари.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.