Премиера на документарниот филм „Професорот“ посветен на Илија Џаџев

На 6. февруари 2020-та година, во киното „Фросина“ во МКЦ – Скопје ќе биде изведена премиерната проекција на документарниот филм „Професорот“ – вистинита приказна за Илија Џаџев, во режија на Јордан Дуков.

Станува збор за проект на „Кадар“ – Тим за истражувачко новинарство, документаристика и едукација.

Продуцент на филмот е Љубиша Ристиќ, а во филмот учествува познатиот актер Иван Бекјарев, по потекло од Гевгелија, кој живее во Белград. Во филмот е користена оригинална музика од Иван Џаџев. Филмот за Илија Џаџев е поддржан од општина Гевгелија, Агенцијата за филм на РСМ, МРТ и Машинска продукција.

Премиерата на фиулмот во киното Фросина во Скопје е закажана за 20 часот.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.