Започна изградбата на пречистителна станица во Моин

Започнаа изведбените работи за изградба на нова пречистителна станица во Моин. Станува збор за изградба на фекален колектор со пречистителна станица со што ќе се обезбеди целосна функционалност на веќе изградената канализациона мрежа во ова населено место.

Вкупната вредност на проектот изнесува 7.173.323 денари од кои од општинскиот буџет се обезбедени 4.722.708 денари, додека другите средства се од Бирото за регионален развој. Имено, преку Програмата за рамномерен регионален развој од страна на Владата на Република Северна Македонија на општина Гевгелија и беа доделени 2.450.000 милиони денари за изградба на фекален колектор со пречистителна станица во Моин.

Покрај изградбата на овој комунален систем, наскоро во Моин треба да започне и реконструкцијата на мостот на Кованска река, на влезот од селото. По неуспешниот прв јавен повик беше распишан нов, поради што и отпочнувањето на изведбените работи е одложено.

По окончувањето на обновената тендерска постапка ќе започне и реконструкцијата на мостот, кој при пообилни водотеци и врнежи претставува сериозен проблем и го блокира целиот сообраќај за влез во селото.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.