Министерот Сугарески најави изградба на социјална станбена зграда во Гевгелија

На денешната прес-конференција, Министерот за транспорт и врски најави изградба на нови социјални станбени згради во повеќе градови во државата, меѓу кои и Гевгелија.

Како што изјави министерот, во соработка со АД за стопанисување со станбен и деловен простор се подготвува изградба на социјални згради во Гевгелија, Пехчево, Виница, Свети Николе, Дебар, Сарај, Велес и Демир Капија или вкупно 320 социјални стана.

Според динамиката за изградба на овие станбени објекти оваа година се очекува да заврши изградбата на двете социјални станбени згради во Пробиштип и Неготино.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.