Поделени новогодишни пакетчиња на децата со посебни потреби од Гевгелија

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков и претседателот на Советот на Општина Гевгелија Тодор Ристов, во пресрет на Новогодишните и Божикните празници, денес го посетија дневниот центар за деца со посебни потреби “Мајка Тереза“ во Гевгелија.

Притоа, на штитениците во оваа установа им ги честитаа претстојните празници и им посакаа добро здравје и уште поуспешни активности во новата година.

Имено, по барање на дневниот центар „Мајка Тереза“, Советот на општина Гевгелија на утрешната седница се очекува за потребите на центарот „Мајка Тереза“, општинскиот објект кај поранешната касарна да го отстапи на времено користење на центарот.

Со тоа ќе се создадат услови за реализација на проектот за уредување на нови простории и услови за активноста на центарот. Во прв ред, проширување на дејноста и прифаќање на се поголемиот број деца со посебни потреби за посета на центарот „Мајка Тереза“. Но, и обезбедување на услови за изведување на работните активности во кои се вклучени сите деца.

По повод претстојните празници, учениците од ООМУ „Васо Карајанов“ во дневниот центар „Мајка Тереза“ одржаа пригоден новогодишен концерт.

Градоначалникот на Општина Гевгелија и претседателот на Советот на општината на штитениците им подари овошје. Првите луѓе на општина Гевгелија денес го посетија и Дневниот центар за деца со посебни потреби во Гевгелија.

На штитениците на овој центар им беа подарени новогодишни пакетчиња. Дневниот центар за деца со посебни потреби и додели Благодарница на општина Гевгелија за голем придонес во реализацијата на активностите на Дневниот центар.

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, по традиција, новогодишни пакетчиња им додели и на сите деца на социјално загрозените семејства во општина Гевгелија.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.