Драмското студио „Дон Кихот“ од Гевгелија првонаградени на фестивалот „Утринска ѕвезда” во Бугарија

Драмското студио „Дон Кихот” со претставата „Како да се ограби банка”, под раководство на ЈОУ „Дом на култура” – Гевгелија, се добитници на првата награда во категоријата театарска уметност, на Меѓународниот фестивал „Утринска ѕвезда” во Банско, Р. Бугарија.

„Како да се ограби банка“ е комедија – авторско дело на Сами Фејд, во режија на Катица Џишева Дупарова.

Улогите во претставата ги толкуваат Каме Ќаев, Светлана Стојковиќ, Лазе Николов, Ангелина Шуклева, Петар Јанчев и Сандра Спасовска.

Сценографијата и техничката обработка се на Михаил Петров односно Тони Аврамов.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.