Во сабота ќе се одржи премиера на „Врба”, шестиот филм на Манчевски, во Гевгелија

Шестиот по ред филм на Милчо Манчевски, на 9-ти овој месец, ќе се прикажува во Народниот театар во Гевгелија.

Во сабота, со почеток од 19.00 часот, гевгеличани ќе можат да го погледнат „Врба”, филм кој ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини.

Билети се пуштени во продажба во канцелариите на Дом на култура, во просториите на Пионерскиот дом, по цена од 100 денари, секој работен ден од 08.00 до 15.00 часот.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.