Ново детско катче во Гевгелија, а ќе проработи и фонтаната пред „Аполонија”

Детското катче во центарот на Гевгелија е проширено, обновено и збогатено со нови играчки.

Едно од најпосетуваните места од страна на најмладите, доби зелена подлога, но и нови играчки. На тој начин детското катче претставува урбан простор кој ги обезбедува сите услови за рекреација на најмладите.

Инаку, во рамките на акцијата за обновување и уредување на нови детски игралишта на територијата на цела општина, во Давидово детското игралиште е подновено со нови играчки, додека пак во Милетково освен обновата на постојното катче за забава на децата, во дворот на самото училиште се поставени нови лулашки, клацкалки и вртелешки.

Претходно беше збогатен и доопремен детскиот парк во Миравци. Исто така, уредено е детско катче и во училишниот двор во Смоквица.

Во акцијата се вклучија општинските основни училишта во населените места, дел од опремата е подготвена и инсталирана во ЈПКД„Комуналец“, а истовремено општина Гевгелија распиша посебен тендер и избра најповолен изведувач за поставување на урбана опрема во детските игралишта.

Паралелно со уредувањето на урбаната опрема во детското катче, крај шеталиштето во Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“ започна со реконструкцијата и профункционирањето на фонтаната на шеталиштето, пред хотел „Аполонија“


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.