Изложбата „Зајдисонца” утре на Динќут

Гевгеличани по втор пат ќе можат да присуствуваат на интересниот настан што им го приредија минатата година гевгелиските фотографи.

Овој пат изложбата на фоотографии „Зајдисонца“ ќе се одржи на сосема нова локација – во излетиштето Динќут. Во приреден амбиент ќе биде поставена изложбата на фотографии под наслов „Зајдисонца“, и тоа, во времето додека сонцето заоѓа над градот.

Настанот ќе се одржи на 15 октомври 2019 година, во 16.30 часот, на амфитеатарот на Динќут, кај Гевгелија.

Минатата година изложбата се одржа на терасата од покривот на зградата на шеталиштето во Гевгелија. Овој пат „Зајдисонцата“ ќе можеме да ги видиме од прекрасното излетиште Динќут.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.