Министерот Филипче во посета на Гевгелија: Пуштено во употреба новото одделение во Психијатриска болница во Негорци

Во употреба е пуштено новото одделение за акутни состојби во Психијатриска болница – Негорци.

Одделението е нова градба на местото на старо одделение кое беше од дрвена конструкција и во значителна мера оштетено.

Новиот објект е со површина од 560 м² и е енергетски ефикасно, со термоизолациска фасада, квалитетна столарија, соларен систем и панелен покрив со највисок изолациски коефициент.

Покрај инфраструктурните зафати за подобрување на условите за престој и лекување, во оваа здравствена јавна установа извршена е и обнова на стручниот кадар. Во Психијатриската болница се вработени еден специјалист-психијатар, двајца доктори на медицина, пет медицински сестри, еден дипломиран психолог, еден дипломиран социјален работник и еден дипломиран биохемичар.

При пуштање на одделението во функција присуствуваше и Министерот за здравство, Филипче, кој ја искористи приликата да изјави дека се посветени на унапредување на јавниот здравствен систем, достоинствени услови за престој во болница на пациентите како и подобрени услови за работа на лекарите.

Тој при посетата на Гевгелија се сретна и со членовите на Здрижението на пензионери – Гевгелија, пред кои потсети дека во фаза е подобрувањето на условите и во Општата болница со проширена дејност во Гевгелија.

„Минатата година воведовме бесплатна вакцинација против сезонски грип за лица над 65-годишна возраст со просечна пензија и пензија под просечната како и лица без пензија. Оваа мерка се воведе првпат како пилот, а на овој начин се заштитени од грип и компликации најранливите групи стари лица, кај кои има и најчести компликации“. изјави Венко Филипче пред пензионерите.

 


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.