256 илјади евра вложени во 2019-та во локалната патна инфраструктура во општина Гевгелија

Општина Гевгелија во 2019-та година потрошила 256 илјади евра на патната инфраструктура при што беа изградени, асфалтирани и бетонирани речиси 20.000 метри квадратни улична површина.

Ваквите активности беа спроведени во скоро сите населени места во општината. Така, изминативе девет месеци беа изградени нови улици со вкупна површина од 4.000 метри квадратни, и тоа, во Гевгелија, Мрзенци, Негорци и Богородица.

Покрај ова беше поставен нов асфалт на улиците во Гевгелија, Прдејци, Миравци и Милетково, со вкупна површина од 6.500 метри квадратни.

Во рамките на активностите за подобрување на патната инфраструктура во општината беше извршено и бетонирање на повеќе улици и краци во Гевгелија, Кованец, Смоквица, Моин и во Давидово, со вкупна површина од 7.300 метри квадратни.

За реализација на овие активности од општинскиот Буџет беа издвоени 15.759.000 денари или околу 256.000 евра.

Во моментот во тек е изградбата на два регионални патни правци, на последната делница од патот Негорци-Серменин, како и на патот од центарот на Давидово до манастираот „Св.Илија“. И двата патни правци се реализираат со финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршката на земјоделството и руралниот развој.

Инаку, наскоро, по окончувањето на тендерската постапка треба да започне и изградбата на патот до Времената депонија, со што ќе се обезбеди нејзина целосна функционалност.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.