Потпишан договорот за ревитализација на патот Богородица – Стојаково

Склучен договор за партнерство со општините Богданци и Гевгелија за проектот „Ревитализација на пат с.Богородица – с.Стојаково – крстосница со регионален пат Гевгелија – Богданци, кај бензинска пумпа Шимов, I фаза“

За имплементација на проектот „Ревитализација на пат с.Богородица – с.Стојаково – крстосница со регионален пат Гевгелија – Богданци, кај бензинска пумпа Шимов, I фаза“, на ден 20.09.2019 година, Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова потпиша договор за партнерство со Градоначалникот на општина Богданци, Г. Блаже Шапов и Градоначалникот на општина Гевгелија, Г. Сашо Поцков.

Проектот ќе се реализира во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој според мерка 321 Развој на јавна инфраструктура во рурални средини, подмерка 321.1 Инвестиции во локална патна инфраструктура за поврзување меѓу две или повеќе населени места во рурални средини.

Овој проект го опфаќа патот Богородица – Стојаково, крстосница со регионалниот пат Гевгелија – Богданци кај бензинска пумпа Шимов, 1-ва фаза во должина од 4,5 км и со проектот ќе се овозможи негова ревитализација т.е. поставување на нов слој на асфалт, со кој ќе се овозможи подобрување на комуникацијата меѓу граѓаните од населените места Богородица и Стојаково, кои заедно имаат околу 830 домаќинства или околу 3000 жители и ќе се овозможи побезбеден транспорт на патници и стока.

Вкупната вредност на проектот изнесува 13.031.453,90 денари, од кои 11.038.520,25 денари се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. општина Богданци како партнер бр. 1 во проектот учествува со сопствени средства од 1.234.898,86 денари, а општина Гевгелија како партнер бр. 2 учествува со сопствени средства од 758.034,79 денари.

Втората фаза од патот е дел од проектот „Ревитализација на патот Богородица – Стојаково, крстосница со регионалниот пат Гевгелија – Богданци 2-ра фаза“ кој веќе е одобрен за финансирање од страна на Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година. Неговата имплементација треба да започне во наредниот период со што ќе се комплетира целосно овој патен правец.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.