Ташко Дојчинов – Претседател на Советот на Општина Гевгелија поднесе оставка

Претседателот на Советот при Општина Гевгелија, Ташко Дојчинов, ја напушта функцијата по претходно изречената јавна опомена за судир на интереси од страна на Комисијата за спречување на корупција.

Дојчинов покрај функцијата Претседател на Советот на Општина Гевгелија беше и член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос, што се коси со член 77 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Ташко Дојчинов на последните локални избори беше носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата. На функцијата Претседател на Советот на О. Гевгелија дојде во октомври 2017-та, на конститутивната седницата, со 10 гласови „за“ и девет воздржани.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.