Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија предадени во употреба 21 нова училница

Денес во Гевгелија предадени во употреба новоизградените училници во СОУ „Јосиф Јосифовски“.

Учениците од овој средноучилишен центар новата учебна година ја започнаа во 21 новоизградена училница, со што се создадени услови за едносменско работење.

Проектот беше реализиран со заем од Светска банка, преку Проектот за подобрување на општински услови (МСИП), но и сопствено учество на општина Гевгелија, По тој повод во СОУ„Јосиф Јосифовски“ беше одржана свеченост на која пред бројните гости, ученици и професори, најпрво, се обрати заменик министерката за финансии Ширет Елези, а збор зеде и Градоначалникот Поцков.

„Со овој инвестиционен зафат уште еднаш ги потврдуваме настојувањата на Општина Гевгелија за континуирано подобрување на условите за престој и настава во сите образовни институции. Изградбата на 21 училница претставува најголемиот инвестиционен зафат последнава деценија во образованието на општина Гевгелија. Со овој проект се обезбедува едносменско работење во ова училиште, но и целосна енергетска заштеда. Изградбата на новите училници чинеше вкупно 40.296.360 денари, од кои 34.700.320 денари се заем, кој општина Гевгелија го доби од Светска банка“, рече Градоначалникот.

За целосна реализација на проектот општина Гевгелија обезбеди уште 5.596.000 денари од општинскиот буџет.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.