Изградба на водоводна мрежа во населба Караорман со грант од 4,17 милиони денари

Општина Гевгелија е меѓу 12-те општини во земјава, на кои им се ставени на располагање 165 милиони денари преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка.

Средствата ќе се користат за изградба на локални улици, водоводи, реновирање градинка, набавка на механизација и изградба на скејт парк.

Општина Гевгелија со грант средства во износ од 4,17 милиони денари ќе изгради водоводна мрежа во должина од 1,7 километри во населбата Караорман.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

24Gevgelija.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај 24Gevgelija.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.SR, Valandovo.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.